ЕУ се подготвува да даде одобрение за летовите на Боинг 737 макс

Промените извршени за зголемување на безбедноста на авионите ги исполнуваат критериумите за безбедност на летот

1566856
ЕУ се подготвува да даде одобрение за летовите на Боинг 737 макс

 

Европската унија (ЕУ) следната недела планира да издаде одобрение за летовите на патничките авиони од типот Боинг 737 Макс, на кои им беше забрането летањето по несреќите што се случија во 2018 и 2019 година.

Патрик Ки, директор на Европската агенција за воздухопловна безбедност (ЕАСА) даде изјава за летовите на авионите Боинг 737 Макс на американскиот производител Боинг, чиј лет беше забранет по несреќите што се случија во 2018 и 2019 година.

Ки рече дека последното одобрение за летови на авионите Боинг 737 Макс за да можат да летаат во Европа се планира да се биде даде следната недела.

Наведувајќи дека се разјасни прашањето за тоа како се случиле несреќите, Ки рече дека промените извршени за зголемување на безбедноста на авионите ги исполнуваат критериумите за безбедност на летот.

Минатата година САД и Бразил ги започнаа комерцијалните летови на „Боинг 737 Макс“.



Слични вести