Состојбата со Ковид-19 во светот: Во Северна Македонија регистрирани 6 починати, 190 инфектирани

Во Република Северна Македонија, во изминатите 24 часа се регистрирани 6 смртни случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) со што вкупниот број на починатите се зголеми на 2.702 лица

1565440
Состојбата со Ковид-19 во светот: Во Северна Македонија регистрирани 6 починати, 190 инфектирани
İngiltere Süper.jpg
Londra Süper
ingiltere süper
korona abd süper
KORONAVİRÜS SÜPER
ingiltere süper
Fransa Süper
super foto fransa koronavirus fransa 1.jpg
super foto fransa koronavirus fransa 3.jpg
korona ingiltere 02.jpg
koronavirüs4.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 2 милиони 039 илјади 695 лица, на случаите на зараза изнесува над 95 милиони 485 илјади, а досега оздравеа повеќе од 68 милиони 190 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД). 

Бројот на смртните случаи во САД се искачи на над 407 илјади 202 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 24 милиони 482 илјади 050.

Во латиноамериканската држава Бразил, која по бројот на смртните случаи веднаш по САД се наоѓа на второ место, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 209 илјади 868 лица, а на случаите на зараза изнесува 8 милиони 488 илјади 099 лица. Во земјата е издадено одобрение за употреба при итни случаи на вакцините „КоронаВак“ (CoronaVac)  и „АстраЗенека“ (AstraZeneca).

Во Велика Британија, која моментално е земја со најголем број починати во Европа, во изминатите 24 часа се регистрирани  671 починат и 38.598 новозаразени од вирусот. Бројот на смртните случаи се искачи на вкупно 89.261 лице, а на инфектираните достигна до 3 милиони 395 илјади 5959 лица.

Во Италија, со смртта на уште 377 лица во изминатите 24 часа бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на вкупно 82.177 лица. Бројот на инфектираните од вирусот со регистрирани 12.415 новозаразени изнесува 2 милиони 830 илјади 442 лица.

Во Франција, во изминатите 24 часа починаа 141 лице со што бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 70.283 лица. За еден ден во земјата се регистрирани 16.642’јца новозаразени и бројот на случаите на зараза достигна до 2 милиони 910 илјади 989 лица.

Во Шпанија, бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се искачи на вкупно 53.314, а инфектираните достигна до 2 милиони 252 илјади 164 лица. 

Во Германија, во изминатите 24 часа починаа 319 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на 47.440, а на инфектираните со раст од 11.427 лица достигна до вкупно 2 милиони 050 илјади 099.

Тројца членови на Европската комисија (ЕК) се во карантин поради тоа што имале средба со португалскиот министер за финансии Жоао Леао чија земја од 1 јануари го презеде претседателствувањето со ЕУ, а кој имаше позитивен тест на Ковид-19. Тројцата членови на Еврпската комисија (ЕК) кои се наоѓаат во самоизолација по 7 дена ќе се тестираат и доколку добијат негативен тест нивната самоизолација ќе заврши.  

Во Република Северна Македонија, во изминатите 24 часа се регистрирани 6 смртни случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) со што вкупниот број на починатите се зголеми на 2.702 лица.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 190 нови случаи и вкупниот број на инфектираните од вирусот од почетокот на епидемијата во земјата достигна до 88.938 лица. 

Институтот за јавно здравје регистрира 2.009 оздравени пациенти, додека вкупната бројка на оздравени пациенти од почетокот на епидемијата во земјата изнесува 73.601 лице.

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 12.635 лица.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 1.530 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 431.712 тестирања.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во некои други западни земји во светот е вака: 

Мексико 140.704, Колумбија 48.631, Аргентина 45.407, Перу 38.871, Полска 33.355, Белгија 20.435,  Украина 20.802, Чиле 17.477, Канада 18.014, Романија 17.221, Еквадор 14.319, Чешка 14.338, Холандија 13.006,  Швајцарија 8.682.



Слични вести