Рускиот опозициски политичар Алексеј Навалниј уапсен веднаш по пристигнувањето во Москва

Рускиот опозициски политичар Алексеј Навалниј заедно со својата сопруга Јулија Навалнаја и новинарите од Берлин дојде на пасошка контрола на Аеродромот Шереметјево во Москва и овде беше притворен од страна на полицијата

1565700
Рускиот опозициски политичар Алексеј Навалниј уапсен веднаш по пристигнувањето во Москва

Рускиот опозиционер Алексеј Навалниј веднаш откако се врати од Германија кадешто се наоѓаше на лекување со тврдење дека е отруен, е уапсен на аеродромот во главниот град Москва.

Авионот во кој се наоѓаше Алексеј Навалниј и кој полета од Берлин поради неповолните временски услови во последен момент наместо на Аеродромот Внуково, слета на Аеродромот Шереметјево во Москва.

Алексеј Навалниј заедно со својата сопруга Јулија Навалнаја и новинарите дојде на пасошка контрола на аеродромот и овде беше притворен од страна на полицијата.

На неговата адвокатка Олга Михаилова не и беше дозволено да го придружува.

Во објавеното соопштение од Федералната служба за затвори на Русија се истакнува дека Алексеј Навалниј е притворен на Аеродромот Шереметјево поради тоа што по  него се трага од 29 декември 2020 година поради повеќекратни прекршувања на условите на неговата условна казна во врска со пресуда за измама во 2014 година.

Дополнителната одлука за мерката којашто ќе му биде изречена на Навалниј ќе биде донесена од страна на судот и дотогаш тој ќе се наоѓа во притвор.

Во меѓувреме, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел истакна дека притворањето на Навалниј е „неприфатливо“.

Мишел во објавеното соопштение на својот порфил на социјалната медија го истакна следното: „Ги повикувам руските власти под итно да го ослободат Навалниј.“ 

Високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија (ЕУ) Жозеп Борел на својот профил на социјалната медија исто така ги повика руските власти да ги почитуваат правата на Навалниј и побара негово итно ослободување.

Борел во својата објава рече: „Политизацијата на судството е неприфатливо.“

Инаку, рускиот опозициски политичар Алексеј Навалниј кој на 29 август 2020 година од градот Томск се качи во авионот кој леташе за главниот град Москва за време на летот му се слоши и авионот мораше да се врати и да слета во Омск кадешто беше префрлен во болница и притоа беше наведено дека е отруен со отровна суспатнца која му била ставена во чајот. 44-годишниот Навалниј  на 22 август со специјален авион од Омск беше префрлен на лекување во болницата Шарите во главниот град на Германија, Берлин.

Портпаролот на германската Влада Стефан Сеиберт на 2 септември 2020 година соопшти дека со сигурност е утврдено дека Навалниј бил отруен со нервен агенс „новичок“.

Алексеј Навалниј на 23 септември беше отпуштен од болница.

 



Слични вести