Реакција од Џевад Зариф против неговиот француски колега Ле Дријан

Иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф истакна дека лидерите на Германија, Франција и Велика Британија (земјите Е3) не вложуваат никакви напори за продолжување на нуклеарниот договор

1565424
Реакција од Џевад Зариф против неговиот француски колега Ле Дријан

Иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф покажа реакција против францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан кој наведе дека Техеран го развива својот капацитет за нуклеарно оружје.

Зариф во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер застана во одбрана на тоа дека лидерите на Германија, Франција и Велика Британија (земјите Е3) не вложуваат никакви напори за продолжување на нуклеарниот договор потпишан меѓу неговата земја и петте земји постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) во 2015 година кој се нарекува Заеднички сеопфатен акционен план (JCROA).

Џевад Зариф во својата споделена објава го етикетира својот француски колега Жан-Ив Ле Дријан и го напиша следното: „Заеднички сеопфатен акционен план (JCROA) е во живот благодарение на Иран, а не на земјите од Е3 (Германија, Франција и Велика Британија).“

Потсетувајќи дека Ле Дријан од 2012 до 2017 година беше француски министер за одбрана, Зариф го истакна следното: „Почитуван колега: Вашата кариера во кабинетот ја започнавте со продажба на оружје на саудиските воени злосторници. Избегнувајте од глупави изрази во врска со Иран. Вистината е ова: Вие го дестабилизирате нашиот регион. Престанете да ги браните злосторниците кои ги уништуваат своите опозиционери и ги користат вашите оружја за масакрирање на децата во Јемен.“

Инаку, францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан во интервју за весникот „Журнал ди Диманш“ (Journal du Dimanche)  во саботата, истакна дека Иран го развива својот капацитет за нуклеарно оружје и дека властите во Техеран и Вашингтон „под итно“ треба да се вратат на нуклеарниот договор.

Велејќи дека европските земји познати како Е3, Франција, Германија и Велика Британија кои се потписнички на нуклераниот договор чувствуваат длабока загриженост од тоа што Иран ги започна активностите за производство на метален ураниум, Ле Дријан упати повик во властите во Техеран да ги исполни своите обврски во нуклеарниот договор.

Во објавеното заедничко присмено соопштение во врска со прашањето од страна на портпаролите на министерствата за надворешни работи на трите европски земи (Франција, Германија и Велика Британија), беше истакнато дека трите земји се длабоко загрижени за „последниот потег на Иран“ и дека Техеран не изнел убедливи причини зошто би произведувал метален ураниум за цивилна употреба.

Исто така се нагласува дека производството на метален ураниум има „потенцијално сериозни воени импликации“ и се повикува Иран да престане со овие активности и без одлагање да се врати на почитување на своите обврски од Заедничкиот сеопфатен акционен план (JCROA) доколку сака да го зачувува овој договор.

 



Слични вести