Лавров одговори на реакциите на западниот свет во врска со Навални

Реакциите на западниот свет се обид за прикривање на внатрешните кризи во овие земји

1566114
Лавров одговори на реакциите на западниот свет во врска со Навални

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, реакциите на западниот свет во врска со притворањето на рускиот опозицинер Алексеј Навални го толкуваше како обид за прикривање на внатрешните кризи во овие земји.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров одржа онлајн прес-конференција на која направи проценка на 2020 година.

Во освртот на антируските изјави и соопштенија на Западот во врска со притворањето на рускиот опозиционер Алексеј Навални на аеродромот при враќањето од Берлин, главниот град на Германија, каде се лекуваше, Лавров истакна дека сите изјави се копии едни на други.

Наведувајќи дека западните држави користејќи ги изговорите во врска со Навалниј, во суштина се обидуваат да го свртат вниманието од внатрешните кризи, Лавров рече:

„Се чини дека овој настан на западните политичари им овозможува вниманието од длабоката криза во моделот на либерален развој да го свртат во друга насока“.

Потсетувајќи дека приведувањето на Навалниј е во надлежност на безбедносните сили, Лавров рече дека гледано од тој аспект се применуваат руските закони



Слични вести