Лавров: Ерменија не го направи она што и претстоеше по прашањето на размената на заробеници

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров истакна дека Ерменија не го направи она што и претстоеше по прашањето на размената на заробеници

1566072
Лавров: Ерменија не го направи она што и претстоеше по прашањето на размената на заробеници

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на одржаната прес-конференција на која направи проценка на 2020 година меѓу другото се осврна и на потпишаниот договор во Нагорно Карабах.

Лавров истакна дека Азербејџан подготви и достави списокот по прашањето на размена на заробеници додека списокот на Ерменија не пристигна навреме и целосно.

Велејќи дека Ерменија не го направи она што и претстоеше по прашањето на размената на заробеници, рускиот министер за надворешни работи Лавров истакна дека бројките на заробениците се поголеми од соопштените поради што работите за нивно утврдување продолжуваат.

Сергеј Лавров рече дека освен потпишаниот договор на 9 ноември не постои одреден друг таен договор и дека на мировните разговори совесно не стана збор за статусот на Нагорно Карабах.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров напомена дека приоритет е животот во Нагорно Карабах да се врати во нормала и нагласи дека управата во Ереван треба да избегнува од давање на негативни изјави.

 



Слични вести