Израел реализира воздушен напад врз цели на Хамас во Појасот Газа
Портпаролот на израелската армија Авичај Адрае истакна дека како одговор на истреланата ракета од Појасот Газа врз градот Ашдод на југот на Израел е реализиран воздушен напад врз цели на Хамас во Појасот Газа

Израел соопшти дека реализира воздушен напад врз цели на Хамас во Појасот Газа кој се наоѓа под блокада.
Портпаролот на израелската армија Авичај Адрае веста за нападот ја соопшти на својот профил на социјалната медија.
Адрае истакна дека како одговор на истреланата ракета од Појасот Газа врз градот Ашдод на југот на Израел е реализиран воздушен напад врз цели на Хамас.
Портпаролот на израелската армија рече дека цел на нападот беа ископаните тунели од страна на Хамас.
Според добиени инофрмации од новинската Агенција Анадолија „АА“ во Газа, реализираниот израелски воздушен напад врз областите Рефах и Хан Јунус на југот на Газа беше причина за штети од широк обем и во нападот немаше загинати или ранети.
Слични вести

Украина: Руската армија ги продолжува нападите во правец на Северодоњецк
Украинскиот Генералштаб соопшти дека руската армија ги продолжува нападите во правец на Северодоњецк