ЕУ го повика Израел да се врати од одлуката за изградба на нови станови на Западниот Брег

Во соопштението се изнесува следната констатација: „Европската унија (ЕУ) го зачувува својот ригиден (непопустлив) став по прашањето на тоа дека населбите се незаконски од аспект на меѓународното право“

1565427
ЕУ го повика Израел да се врати од одлуката за изградба на нови станови на Западниот Брег

Европската унија (ЕУ) го повика Израел да се врати од одлуката за изградба на нови населби на окупираниот Западен Брег.

Во објавеното соопштение од канцеларијата на високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија (ЕУ) Жозеп Борел, се нагласува дека одлуката на Израел за изградба на 800 станови во Гиват Хаматос на југот на Ерусалим (Кудс) е во спротивност со меѓународното право и се посакува да се прекине процесот на тендерот.

Во соопштението се вели дека изградбата на нови населби го поткопува решението со две држави во израелско-палестинското прашање и се потсетува дека Европската унија (ЕУ) бројни пати упатува повик до Израел за ставање крај на своите активности за изградба на нови населби.

Во соопштението се изнесува следната констатација: „Европската унија (ЕУ) го зачувува својот ригиден (непопустлив) став по прашањето на тоа дека населбите се незаконски од аспект на меѓународното право.“

Се истакнува дека се поминува низ критичен период за мирот на Блискиот исток и дека овие видови активности ќе влијаат негативно и на позитивните случувања во процесот за нормализација меѓу Израел и Арапските земји.

„Ја повикуваме израелската Влада да се врати од оваа своја одлука во врска со изградбата на нови населби и да покаже лидерство во изградбата на потребната доверба за повторно започнување на израелско-палестинските преговори.“ - стои во соопштението од канцеларијата на високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија (ЕУ) Жозеп Борел.

Од друга страна, израелската граѓанска организација за човекови права Движењето „Peace Now“ (Мир сега) соопшти дека управата во Тел Авив ја одобрила изградбата на 780 нови станови во незаконските еврејски населби на окупираниот Западен Брег.

 



Слични вести