Бројот на загинатите во земјотресот во Индонезија се зголеми на 81 лице

Пронајдени се мртвите тела на уште 8 лица со што бројот на загинатите во земјотресот што ја погоди провинцијата Западно Сулавеси во Индонезија се зголеми на 81 лице од кои 70 во градот Мамују и 11 лица во градот Мајене

1565456
Бројот на загинатите во земјотресот во Индонезија се зголеми на 81 лице

Бројот на загинатите во земјотресот што се случи на 15 јануари во петокот на островот Западно Сулавеси во Индонезија се зголеми на 81 лице.

Пронајдени се мртвите тела на уште 8 лица со што бројот на загинатите во земјотресот се зголеми на 81 лице од кои 70 во градот Мамују и 11 лица во градот Мајене.

Во погоденото подрачје од земјотресот се оштетени приближно 1.200 згради меѓу кои се наоѓаат и јавни згради.

Продолжуваат активностите за пребарување и спасување под рушевините на срушените згради.

Надлежни вчера соопштија дека продолжува лекувањето во болниците на 253 тешко повредени лица и дека бројот на евакуираните лица на безбедни места, изнесува приближно 28 илјади лица.

Инаку, Метеоролошката институција за клима и геофизика (БМКГ) соопшти дека  на 15 јануари во 01:28 часот по локално време се случи земјотрес со јачина од 6,2 степени по Рихтер чиј епицентар се наоѓаше на 6 километри североисточно од градот Мајене на длабочина од 10 километри и кој беше почувствуван во градовите Палу и Макасар.



Слични вести