Бројот на загинатите во земјотресот во Индонезија се зголеми на 73 лица

Бројот на загинатите во земјотресот што се случи на 15 јануари во провинцијата Западно Сулавеси во Индонезија се зголеми на 73 лица, а продолжува лекувањето на 253 тешко повредени лица

1565247
Бројот на загинатите во земјотресот во Индонезија се зголеми на 73 лица
endonezya deprem.jpg
endonezya ucak.jpg
endonezya deprem.jpg
endonezya-deprem.jpg
endonezya sel.jpg

Бројот на загинатите во земјотресот со јачина од 6,2 степени што се случи на 15 јануари во градот Мајене во провинцијата Западно Сулавеси во Индонезија, се зголеми на 73 лица.

Претседателот на Центарот за информација и комуникација при Националната агенција за управување со елементарни непогоди Радитја Јати истакна дека по земјотресот се евакуирани 27.850 лица кои се сместени во 25 различни безбедни места.

Јати рече дека бројот на загинатите во земјотресот досега се зголеми на 73 лица од кои 64 во областа Мамују и 9 во Мајене и дека продолжува лекувањето на 253 тешко повредени лица. 

Велејќи дека продолжуваат активностите за пребарување и спасување во погоденото подрачје, Јати информира дека заклучно со вчера за оперативните потреби на провинцијата Западно Сулавеси, градот Мајене и областа Мамују се доделени финансиски средства во износ од 4 милијарди рупијахи (приближно 285 илјади долари).

Метеоролошката институција за клима и геофизика (БМКГ) соопшти дека  на 15 јануари во 01:28 часот по локално време се случи земјотрес со јачина од 6,2 степени по Рихтер чиј епицентар се наоѓаше на 6 километри североисточно од градот Мајене на длабочина од 10 километри и кој беше почувствуван во градовите Палу и Макасар.

Од друга страна, во поплавите и лизгањето на земјиштето коишто се случија во провинцијата Северно Сулавеси животот го загубија 5 лица. 

Радитја Јати во дадената изјава истакна дека силните врнежи од дожд коишто беа влијателни вчера во градот Манадо во провинцијата Северно Сулавеси беа причина за поплави и лизгање на земјиштето.

Велејќи дека во поплавите и лизгањето на земјиштето животот го загубија 5 лица, Јати истакна дека продолжуваат активностите за пребарување и спасување по едно лице кое се води како исчезнато.

 



Слични вести