Во Мали на границата со Буркина Фасо минатата недела се убиени 15 терористи

Во вестите објавени во локалниот печат се истакнува дека во Мали на границата со Буркина Фасо минатата недела се убиени 15 терористи

1564777
Во Мали на границата со Буркина Фасо минатата недела се убиени 15 терористи

Во западноафриканската држава Мали, на границата со Буркина Фасо, минатата недела се убиени 15 терористи.

Во вестите објавени во локалниот печат се истакнува дека од страна на француската армија на 9 јануари во областа Буликеси е реализиран напад врз една група поврзана со терористичката организација Ал Каеда.

Како што се вели во нападот се убиени 15 терористи и е запленета голема количина муниција.

Во Мали во рамките на операцијата Буркина која се реализира во оваа земја, од крајот на месец декември до почетокот на јануари загинаа 5 војници.

Во операцијата Буркина којашто продолжува од 2013 година досега во земји како што се Нигер, Чад, Мавританија, Буркина Фасо и Мали и во која учествуваат 5.100 војници, досега загинаа вкупно 50 војници.

 



Слични вести