Бројот на загинатите во земјотресот во Индонезија се зголеми на 46 лица

Бројот на загинатите во земјотресот што се случи вчера во провинцијата Западно Сулавеси во Индонезија се зголеми на 46 лица, а 826 лица се повредени

1564975
Бројот на загинатите во земјотресот во Индонезија се зголеми на 46 лица

Бројот на загинатите во земјотресот што го погоди вчера градот Мајене во провинцијата Западно Сулавеси во Индонезија, се зголеми на 46 лица.

Претседателот на Центарот за информација и комуникација при Националната агенција за управување со елементарни непогоди Радитја Јати информира дека во земјотресот досега животот го загубија вкупно 46 лица од кои 37 лица во Мамују и 9 мина во Мајене.

Јати ја сподели информацијата дека бројот на повредените во земјотресот изнесува 826 лица.

Велејќи дека според најновите информации со кои се стекнале се оштетени 415 градби меѓу кои се наоѓаат и јавни институции како што се болница, губернија и пристанишни згради, Радитја Јати рече дека продолжуваат активностите за пребарување и спасување во срушените згради.

Метеоролошката институција за клима и геофизика (БМКГ) соопшти дека прексиноќа во 01:28 часот по локално време се случи земјотрес со јачина од 6,2 степени по Рихтер чиј епицентар се наоѓаше на 6 километри североисточно од градот Мајене на длабочина од 10 километри и кој беше почувствуван во градовите Палу и Макасар.

Во провинцијата Западна Јава во Индонезија на 9 јануари дојде и до лизгање на земјиштето предизвикано од силните врнежи од дожд при што бројот на загинатите и во оваа елементарна непогода се зголеми на 25 лица.

Продолжуваат активностите за пребарување и спасување по уште 15 лица кои се водат како исчезнати.

 



Слични вести