Русија ќе се повлече од Договорот за отворено небо

Русија достави конкретен предлог за продолжување на договорот, но за жал истиот не беше подржан од САД

1564517
Русија ќе се повлече од Договорот за отворено небо

 

Русија објави дека ја започна внатрешната постапка за напуштање на Договорот за отворено небо.

Во соопштението кое беше објавено од руското Министерство за надворешни работи беше истакнато дека рамнотежата на интереси воспоставена помеѓу земјите учеснички за време на склучувањето на договорот беше сериозно нарушена поради напуштањето на Договорот за отворено небо од страна на Соединетите Американски Држави (САД) на 22 ноември 2020 година како и фактот дека ослабе  улогата на Обединетите нации (ОН) во зајакнувањето на довербата и безбедноста.

Министерството во соопштението потсети дека Русија во согласност со основните одредби на договорот за да се обезбеди продолжување на договорот под новите услови, достави конкретни предлози но жалење беше утврдено дека овие предлози не биле поддржани од САД.

Руското Министерство за надворешни работи подвлече дека Министерството за надворешни работи е овластено да објави иницијатива за внатрешна постапка за напуштање на договорот од страна на Москва поради недостаток на напредок во отстранувањето на пречките за продолжување на договорот под новите услови.

 



Слични вести