Бројот на загинатите мировници на Обединетите нации во терористичкиот напад во Мали се зголеми на 4

Генералштабот на Брегот на Слоновата Коска соопшти дека војниците од составот на мировните сили на ОН кои беа подложени на терористичкиот напад во Мали беа војници на Брегот на Слоновата Коска и дека животот го загуби уште еден од ранетите војници

1564428
Бројот на загинатите мировници на Обединетите нации во терористичкиот напад во Мали се зголеми на 4

Бројот на загинатите војници на мировните сили на Обединетите нации (ОН) во реализираниот терористички напад во областа Тимбукту во западноафриканската држава Мали, се зголеми на 4.

Во објавеното соопштение до страна на Генералштабот на Брегот на Слоновата Коска, се истакнува војниците мировници на Обединетите нации (ОН) кои беа подложени на терористичкиот напад беа војници на Брегот на Слоновата Коска и дека животот го загуби уште еден од ранетите војници.

Во реализираниот терористички напад вчера во месноста Дуентза во областа Тимбукту во моментот на поминување на возило кое превезуваше мировници на Обединетите нации (ОН) експлодира експлозивна направа поставена на патот, а потоа беше отворен оган врз возилото.

Во нападот, според првични информации беше соопштено дека загинаа тројца војници од мировните сили на Обединетите нации (ОН).



Слични вести