Состојбата со Ковид-19 во светот: Во Северна Македонија регистрирани 10 починати, 477 инфектирани

Во Република Северна Македонија, во изминатите 24 часа се регистрирани 10 смртни случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) со што вкупниот број на починатите се зголеми на 2.657 лица

1563299
Состојбата со Ковид-19 во светот: Во Северна Македонија регистрирани 10 починати, 477 инфектирани
super covid19 ingiltere.jpg
super foto fransa koronavirus fransa 3.jpg
super foto fransa koronavirus fransa 1.jpg
Koronavirüs4.jpg
Koronavirüs3.jpg
Koronavirüs1.jpg
korona ingiltere 02.jpg
korona ingiltere 01.jpeg
KORONAVİRÜS SÜPER
korona abd süper
İngiltere Süper.jpg
afp korona genel süper.jpg
koronavirüs5.jpg
koronavirüs4.jpg
italya korona.jpg
super foto fransa korona.jpg
super foto fransa korona disneyland.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 1 милион 987 илјади 065 лица, на случаите на зараза изнесува над 92 милиони 787 илјади, а досега оздравеа повеќе од 66 милиони 305 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД). 

Бројот на смртните случаи во САД се искачи на над 393 илјади 928 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 23 милиони 616 илјади 345.

Во латиноамериканската држава Бразил, која по бројот на смртните случаи веднаш по САД се наоѓа на второ место, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 206 илјади 009 лица, а на случаите на зараза изнесува 8 милиони 257 илјади 459 лица.

Во Велика Британија, која моментално е земја со најголем број починати во Европа, во изминатите 24 часа се регистрирани  1.564 починати и 47.525 новозаразени од вирусот. Бројот на смртните случаи се искачи на вкупно 84.767 лица, а на инфектираните достигна до 3 милиони 211 илјади 576 лица. Премиерот Борис Џонсон истакна дека поради пандемијата одделенијата за интензивна нега се наоѓаат под многу голем ризик.

Во Италија, со смртта на уште 527 лица во изминатите 24 часа бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на вкупно 80.326 лица. Бројот на инфектираните од вирусот со регистрирани 15.774 новозаразени изнесува 2 милиони 319 илјади 036 лица.

Во Франција, во изминатите 24 часа починаа 229 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 69.031. За еден ден во земјата се регистрирани 23.852’јца новозаразени и бројот на случаите на зараза достигна до 2 милиони 830 илјади 442 лица.

Во Шпанија, во изминатите 24 часа од Ковид-19 животот го загубија 195 лица со што бројот на смртните случаи се искачи на вкупно 52.878, а со регистрирани 38.869 нови случаи бројот на инфектираните достигна до 2 милиони 176 илјади 089 лица. Откако во последните две недели продолжи растот во бројот на нови случаи во земјата, локалните власти почнаа да соопштуваат нови дополнителни првеентивни мерки.

Во Германија, во изминатите 24 часа починаа 1.201лице со што бројот на смртните случаи се зголеми на 44.404, а на инфектираните со раст од 23.294 лица достигна до вкупно 1 милион 980 илјади 861.

Во Република Северна Македонија, во изминатите 24 часа се регистрирани 10 смртни случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) со што вкупниот број на починатите се зголеми на 2.657 лица.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 477 нови случаи и вкупниот број на инфектираните од вирусот од почетокот на епидемијата во земјата достигна до 87.590 лица. 

Институтот за јавно здравје регистрира 372 оздравени пациенти, додека вкупната бројка на оздравени пациенти од почетокот на епидемијата во земјата изнесува 68.364 лица.

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 16.238 лица.

 



Слични вести