Претставничкиот дом на САД изгласа отповикување на претседателот Доналд Трамп

На одржаното гласање на седницата на Пратставничкиот дом резолуцијата за отповикување на Трамп кој се обвинува за „поттикнување на насилство“ е прифатена „со 232 гласа „За“ наспроти 197 гласа „Против“

1563279
Претставничкиот дом на САД изгласа отповикување на претседателот Доналд Трамп

Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави (САД) изгласа отповикување на претседателот Доналд Трамп кој е обвинет за „поттикнување на демонстрантите на насилство“ во текот на нередите и упадот на неговите приврзаници во Конгресот, на 6 јануари.

Во резолуцијата се бара разрешување на претседателот Трамп за кого се истакнува дека поради неговите изјави пред упадот во Конгресот е одговорен за насилството до коешто дојде тој ден.

На одржаното гласање на седницата на Пратставничкиот дом резолуцијата за отповикување на Трамп кој се обвинува за „поттикнување на насилство“ е прифатена „со 232 гласа „За“ наспроти 197 гласа „Против“.

Внимание привлече и тоа што за отповикување на Трамп гласаа и 10 републикански пратеници.

На тој начин, 45. претседател на САД Доналд Трамп е забележан како прв претседател во историјата на земјата против кого на два пати е покренато отповикување.

Она што сега претстои е одлуката на Сенатот, горниот дом на Конгресот,  за тоа дали Трамп е виновен или не и каде за смена на претседателот е потребно двотретинско мнозинство на сенаторите.

Лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот Мич МакКонел во својата последна изјава истакна дека седницата на која ќе му се суди на Трамп нема да се одржи пред 20 јануари.

На тој начин, е дефинирано дека судењето на Трамп во Сенатот ќе остане за периодот на Џо Бајден.

За отповикување на претседателот Доналд Трамп, од вкупно 100 сенатори во Сенатот најмалку 67 сенатори треба да гласаат „За“.

Американскиот претседател Доналд Трамп, беше обвинет во Претставничкиот дом и во декември 2019 година, поради остварениот телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски за наводни закани кон Украина, што вклучуваше прекин на американската помош доколку Зеленски не покрене истрага против Џо Бајден, поранешниот потпретседател и новоизбраниот претседател на САД.

Потоа на одржаното гласање во Сенатот во февруари 2020 година беше изгласано дека „Трамп не е виновен“.

Демократите во Претставничкиот дом, синоќа по локално време ја изгласаа и резолуцијата со која американскиот потпретседател Мајк Пенс се повикува на активирање на 25. амандман од Уставот и да го разреши од должност американскиот претседател Доналд Трамп.

Меѓутоа Пенс децидно одговори дека нема намера го стави во примена овој амандман.

 



Слични вести