Американскиот претседател Доналд Трамп повика на намалување на тензијата

Американскиот претседател Доналд Трамп пред церемонијата на полагање заклетва на новоизбраниот претседател Џо Бајден го повика народот „на намалување на тензијата и контрола на својата нервоза“

1563216
Американскиот претседател Доналд Трамп повика на намалување на тензијата

Американскиот претседател Доналд Трамп во објавеното писмено соопштение привлече внимание на вестите околу тоа дека поради церемонијата на полагање заклетва (инаугурацијата) на Џо Бајден на 20 јануари се најавени протести од широк обем.

Трамп пред церемонијата на полагање заклетва на новоизбраниот претседател Џо Бајден го повика народот „на намалување на тензијата и контрола на својата нервоза“.

Обраќајќи им се на своите поддржувачи, претседателот Трамп рече: „Предупредувам во однос на тоа таму да нема насилство, акции на кршење на законите и вандализам.“

Подвлекувајќи дека кај американските вредности нема место за насилство, Трамп го упати следниот повик: „Ги повикувам сите Американци да ја намалат тензијата и да ја контролираат својата нервоза.“

Инаку, на 6 јануари десетици илјади поддржувачи на претседателот Доналд Трамп се собраа во Националниот парк во Вашингтон и потоа тргнаа кон Конгресот.

Група протестирачи ги преминаа барикадите на полицијата и во судирите и нередите до коишто дојде притоа животот го загубија 5 лица од кои еден полицаец, а десетици лица беа ранети.

За воспоставување на безбедноста во Конгресот беа испратени единици на Националната гарда на САД.



Слични вести