Расте бројот на оздравените од Ковид-19 во светот

Бројот на оздравените од Ковид-19 над 65.865.000.

1562633
Расте бројот на оздравените од Ковид-19 во светот
super foto fransa koronavirus fransa 1.jpg
meksika aşı.jpg
Arnavutluk_Covid19_aşılama_5.jpg

 

Бројот на смртните случаи поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот се зголеми на 1.970.394 лица. Бројот на заразените од вирусот изнесува над 92.022.000 а бројот на оздравените над 65.865.000.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Соединетите Американски Држави (САД) се зголеми на 388.621. Бројот на заразените во земјата изнесува 23.369.000 лица. Центарот за контрола и спречување на болести соопшти дека од 26 јануари ќе бараат негативен тест на Ковид-19 од патниците кои ќе допатуваат по воздушен пат. Како последица на ригорозните мерки на програмата за вакцинирање против Ковид-19 на приоритетните групи во земјата, дозите вакцини почнаа да се фрлаат во ѓубре, поради што властите на сојузничките држави почнаа да ги олеснуваат правилата.

Бројот на смртните случаи како последица на епидемијата во Бразил се зголеми на 204.726. Бројот на заразените во земјата се зголеми на 8.195.000.

Бројот на смртните случаи како последица на епидемијата во Мексико се зголеми 135.682. Бројот на заразените во земјата се зголеми на 1.556.000. Министерот за здравство Хуго Лопез-Гател на конференцијата за печатот рече дека екипа од илјада луѓе секоја недела во 32 провинции на земјата ќе вакцинираат по 439 илјади лица.

Во последните 24 часа во Велика Британија, како последица на коронавирусот умреа уште 1.243, додека бројот на новоинфектирани се зголеми за уште 45.533. Вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 83.203, додека бројот на инфектираните на 3.164.051.

Бројот на смртните случаи од епидемијата на коронавирусот во последните 24 часа во Италија се зголеми за уште 616 и достигна 79.819. Бројот на заразените од вирусот во земјата се зголеми за уште 14.242 и изнесува 2.303.263. Бројот на вакцинираните изнесува 731.539.

Бројот на смртните случаи поради коронавирусот во Франција се зголеми на 68.802, а бројот на заразени изнесува 2.806.000.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Шпанија се зголеми на 52.683, додека бројот на заразените изнесува 2.137.000.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Германија се зголеми на 43.203, додека бројот на заразените изнесува 1.957.000.



Слични вести