По Фејсбук и Твитер сметката на американскиот претседател Трамп е блокирана и на Јутјуб

По одлуката за блокирање на профилите на американскиот претседател Доналд Трамп на Фејсбук и Твитер, слична одлука пристигна и од Гугл од чија страна е блокирана сметката на Трамп и на каналот Јутјуб.

1562612
По Фејсбук и Твитер сметката на американскиот претседател Трамп е блокирана и на Јутјуб

По социјалните платформи Фејсбук и Твитер кои поради настаните во Конгресот на Соединетите Американски Држави (САД) ги блокираа профилите на американскиот претседател Доналд Трамп, од страна на Гугл е блокирана сметката на Трамп и на Јутјуб.

На сметката на Трамп на каналот Јутјуб има 2,77 милиони следбеници.

Со блокирањето на сметката на Трамп на Јутјуб, Тој не ќе може да поставува видеа во овој канал во текот на најмалку 7 дена.

Претходно беа блокирани профилите на американскиот претседател Доналд Трамп и од страна на социјалните медиумски платформи Фејсбук и Твитер.



Слични вести