Одобрена казната затвор на двајцата терористи во Унгарија

Судијата Атила Жоо рече дека одлуката на  Првиот суд е правилна

1562486
Одобрена казната затвор на двајцата терористи во Унгарија

 

Во Унгарија, одобрена казната на брачниот пар кои биле членови на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК, а кој беше осуден на две години затвор за „финансирање тероризам“.

Според унгарската новинска агенција (МТИ), казната на брачниот пар, член на терористичката организација ЈПГ/ПКК, кој беше осуден на две години затвор за „финансирање тероризам“ во Сегед во 2019 година и му беше забранет влез во Унгарија на 8 години, беше потврдена од повисок суд.

Судијата Атила Жоо рече дека одлуката на  Првиот суд е правилна, потенцирајќи дека имаат  јасни докази и информации за 5 годишните вооружени акции на обвинетите против Турција.

Во веста беше објавено дека откако на првото рочиште им беше изречена казна затвор, обвинетите минатата година ја напуштија Унгарија и отидоа во Германија каде што побараа азил.

Во веста се наведува дека машкиот обвинет, чија националност не беше дадена, во 2009 година доброволно се приклучил кон ПКК, којашто во 2009 година од Европската унија (ЕУ) е прифатена како терористичка организација, а терористот од 2014 година е вклучен во активностите на организацијата во Сирија.

Обвинетата жена, за која се тврди дека по потекло е од Иран, кон ПКК се приклучила во 2010 година на 15-годишна возраст и делува во име на организацијата во Сирија како нејзиниот сопруг од 2014 година.

Во веста исто така се истакнува дека обвинетите, организацијата ја напуштиле во 2015 година и се венчале и дека преку трговците со луѓе на 6 декември 2017 година стигнале на границата со Унгарија и поднеле барање за азил.



Слични вести