Најголемата рафинерија во Ирак повторно почна да работи

Рафинеријата која ги задоволуваше потребите за гориво на големиот дел од земјата, беше запленета од ДЕАШ во јуни 2014 година

1562490
Најголемата рафинерија во Ирак повторно почна да работи

 

Најголемата рафинерија за нафта во Ирак, Бејчи која беше уништена од нападите на терористичката организација ДАЕШ во Салахадин, Ирак, по период од 7 години повторно започна со производство.

Според писменото соопштение на  ирачкото Министерство за нафта, заврши поправката на рафинеријата за бензин Бејчи.

Во соопштението беше наведено дека во Бејчи, позната како најголемата рафинерија во земјата почна производство на 70 илјади барели нафта дневно,.

Пред нападите на терористичката организација ДАЕШ, во рафинеријата се произведуваа 280 илјади барели нафта дневно и започнаа активностите за зголемување на производството.

Рафинеријата која ги задоволуваше потребите за гориво на големиот дел од земјата, беше запленета од ДЕАШ во јуни 2014 година.

Рафинеријата Бејчи која беше уништена од терористите, во 2015 година повторно беше земена под контрола од страна на ирачките безбедносни сили.



Слични вести