Канадскиот премиер назначи уште еден муслиманин за министер во кабинетот

Нов министер за транспорт во Канада е муслиманот пратеник од Торонто Омар Алгабра

1562674
Канадскиот премиер назначи уште еден муслиманин за министер во кабинетот

 

Канадскиот премиер Џастин Трудо во рамките на промените во кабинетот го додаде третиот муслимански министер и за нов министер за транспорт го назначи пратеникот од Торонто Омар Алгабра.

Во соопштението кое беше објавено од страна на канцеларијата на канадскиот премиер, беше истакнато дека министерот за иновации, наука и индустрија Навдип Бајнс барал да се пензионира и ја напуштил министерската функција.

Во соопштението беше истакнато дека на местото на ова министерство кое беше испразнето од Бејнс беше донесен Франсоа-Филип Шампањ, кој беше министер за надворешни работи, додека за министер за надворешни работи беше назначен министерот за транспорт Марк Гарно.

Според соопштението, канадскиот премиер Трудо на местото на Марк Гарно, за министер за транспорт го назначи секретарот на парламентот и пратеник од Торонто Омар Алгабра.

Омар Алгабра кој е роден во Саудиска Арабија, стана третиот муслимански министер којшто влезе во кабинетот по министерот за семејство, деца и социјален развој Ахмед Хусен, со потекло од Сомалија и министерот за статус на жените родена во Авганистан, Мерјем Монсеф.

Промената во канадската влада стапи на сила со церемонијата на положување заклетва со видео конференција на која присуствуваше и генералниот гувернер Џули Пајет.



Слични вести