Состојбата со Ковид-19 во светот: Во Северна Македонија регистрирани 13 починати, 104 инфектирани

Во Република Северна Македонија, во изминатите 24 часа се регистрирани 13 смртни случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) со што вкупниот број на починатите се зголеми на 2.635 лица

1561684
Состојбата со Ковид-19 во светот: Во Северна Македонија регистрирани 13 починати, 104 инфектирани
Koronavirüs3.jpg
korona ingiltere 02.jpg
Koronavirüs1.jpg
korona ingiltere 01.jpeg
Koronavirüs4.jpg
korona abd süper
koronavirüs4.jpg
koronavirüs5.jpg
Koronavirüs Kanada2.jpg
italya korona.jpg
super foto fransa korona.jpg
super foto fransa korona.jpg
KORONAVİRÜS SÜPER
super foto fransa korona disneyland.jpg
Meksika süper covid.jpg
super covid19 almanya.jpg
SPR meksika covid.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 1 милион 952 илјади 976 лица, на случаите на зараза изнесува над 91 милион 320 илјади, а досега оздравеа повеќе од 65 милиони 317 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД). 

Бројот на смртните случаи во САД се искачи на над 385 илјади 249 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 23 милиони 143 илјади 197.

Во латиноамериканската држава Бразил, која по бројот на смртните случаи веднаш по САД се наоѓа на второ место, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 203 илјади 617 лица, а на случаите на зараза изнесува 8 милиони 133 илјади 833 лица.

Во Велика Британија, која моментално е земја со најголем број починати во Европа, во изминатите 24 часа се регистрирани  529 починати и 46.169 новозаразени од вирусот. Бројот на смртните случаи се искачи на вкупно 81.960 лица, а на инфектираните достигна до 3 милиони 118 илјади 518 лица.

Во Италија, со смртта на уште 448 лица во изминатите 24 часа бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на вкупно 79.203 лица. Бројот на инфектираните од вирусот со регистрирани 12.532 новозаразени изнесува 2 милиони 289 илјади 021 лице.

Во Франција, во изминатите 24 часа починаа 310 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 68.060. За еден ден во земјата се регистрирани 3.582’јца новозаразени и бројот на случаите на зараза достигна до 2 милиони 786 илјади 838 лица.

Во Шпанија, во последните 3 дена од Ковид-19 животот го загубија 401 лице со што бројот на смртните случаи се искачи на вкушно 52.275, а со регистрирање на уште 61.422 нови случаи бројот на инфектираните достигна до 2 милиони 111 илјади 782 лица. Откако во последните две недели продолжи растот во бројот на нови случаи во земјата, локалните власти почнаа да соопштуваат нови дополнителни првеентивни мерки.

Во Германија, во изминатите 24 часа починаа 663 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на 42.097, а на инфектираните со раст од 11.765 лица достигна до вкупно 1 милион 941 илјада 119.

Во Португалија, Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа животот го загубија 122 лица, а се регистрирани 5.604 нови случаи. На тој начин бројот на починатите се зголеми на 7.925, а на инфектираните на 489.293 лица.

Во Република Северна Македонија, во изминатите 24 часа се регистрирани 13 смртни случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) со што вкупниот број на починатите се зголеми на 2.635 лица.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 104 нови случаи и вкупниот број на инфектираните од вирусот од почетокот на епидемијата во земјата достигна до 86.597 лица. 

Институтот за јавно здравје регистрира 539 оздравени пациенти, додека вкупната бројка на оздравени пациенти од почетокот на епидемијата во земјата изнесува 67.992 лица.

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 15.970 лица.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во некои други западни земји во светот е вака: 

Мексико 134.368, Колумбија 46.451, Аргентина 44.654, Перу 38.335, Полска 31.264, Белгија 20.122,  Украина 19.835, Чиле 17.162, Канада 17.086, Романија 16.725, Еквадор 14.184, Чешка 13.272, Холандија 12.411,  Швајцарија 8.364.



Слични вести