Соопштени конечните резултати од парламентарните избори во Казахстан: Победи партијата Нур Отан

Во Парламентот на Казахстан со мандат од 5 години Партијата Нур Отан ќе биде претставена со 76 пратеници, Партијата Ак жол со 12 пратеници и Народната партија на Казахстан со 10 пратеници

1561984
Соопштени конечните резултати од парламентарните избори во Казахстан: Победи партијата Нур Отан

Централната изборна комисија на Казахстан ги соопшти конечните резултати од одржаните парламентарни избори на 10 јануари 2021 година.

Спред тоа, се стекнаа со право за влез во Парламентот Партијата Нур Отан која со освоени 71,09 отсто од гласовите излезе како прва партија, Партијата Ак жол со освоени 10,95 отсто и Народната партија на Казахстан со 9,10 отсто од гласовите на казахстанските бирачи.

Во Парламентот на Казахстан со мандат од 5 години Партијата Нур Отан ќе биде претставена со 76 пратеници, Партијата Ак жол со 12 пратеници и Народната партија на Казахстан со 10 пратеници.

На овие први парламентарни избори коишто се одржуваат во периодот на казахстанскиот претседател Касим Жомарт Токаев гласаа 7 милиони 241 илјада 562 гласачи регистрирани во избирачкиот список.

На изборите кои за прв пат од стекнувањето на Казахстан со својата независност наваму се одржаа на предвидениот датум согласно Уставот, се натпреваруваа 312 кандидати од кои 9 жени од 5 политички партии.



Слични вести