Оставка поднесе и вршителот на должноста секретар за внатрешна безбедност на САД Чад Волф

Чад Волф во објавеното писмено соопштение информира дека од полноќ ја напушта должноста секретар за внатрешна безбедност на Соединетите Американски Држави (САД)

1561919
Оставка поднесе и вршителот на должноста секретар за внатрешна безбедност на САД Чад Волф

Вршителот на должноста секретар за внатрешна безбедност на Соединетите Американски Држави (САД) Чад Волф соопшти дека поднесува оставка од функцијата со што се зголеми списокот на лица кои ја напуштаат Белата куќа и администрацијата на претседателот Доналд Трамп, по нередите во Вашингтон и упадот во Конгресот на 6 јануари.

Волф во објавеното писмено соопштение информира дека од полноќ ја напушта должноста секретар за внатрешна безбедност.

Велејќи дека во нормални услови планирал да ја продолжи својата должност до 20 јануари кога ќе стапи на должност новиот претседател Џо Бајден, Волф истакна дека поради доживеаните настани во последно време донел одлука да ја напушти својата должност.

Волф информира дека на негово место нов вршител на должноста секретар за внатрешна безбедност макар и за само неколку дена ќе биде Пит Гејнор кој моментално ја извршува должноста раководител на Федералната агенција за управување со вонредни состојби.

Инаку, по минатонеделните нереди во Вашингтон за време на кои дојде до упадот во Конгресот претходно поднесоа оставки и секретарката за транспорт Елејн Чао и секретарката за образование Бетси ДеВос.

Од друга страна, Чад Волф кој соопшти дека поднесува оставка од својата функција вршител на должноста секретар за внатрешна безбедност на Соединетите Американски Држави (САД) на 7 јануари по упадот во Конгресот објави писмено соопштение со кое го осуди овој упад. 

Неколку часа по објавувањето на ова соопштение следеше писмено соопштение и од Белата куќа во кое беше истакнато дека претседателот Трамп на 3 јануари го номинирал Чад Волф за продолжување на функцијата секретар за внатрешна безбедност, но дека потоа оваа номинација е повлечена од страна на Трамп.

 



Слични вести