ФБИ: Продолжува ризикот за нови упади во Конгресот

Федералното биро за истражување ФБИ објави билтен кадешто се истакнува дека ќе се одржат вооружени протести во зградите на Конгресот во престолнините на 50 сојузни држави

1561744
ФБИ: Продолжува ризикот за нови упади во Конгресот

Додека наближува инаугурацијата на новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден на 20 јануари, Федералното биро за истражување ФБИ објави билтен кадешто се истакнува дека ќе се одржат вооружени протести во зградите на Конгресот во престолнините на 50 сојузни држави.

Телевизискиот канал „ABC News“ емитуваше вест во која ослонувајќи се на наведениот билтен на ФБИ се вели следното: „Според податоците со коишто располагаме заклучно 10 јануари, од 16 до 20 јануари се планираат вооружени протести во зградите на Конгресот на 50 сојузни држави. На ист начин, од 17 до 20 јануари ќе има воружени протести и во Конгресот во главниот град Вашингтон.“

Од друга страна, по минатонеделнот упад на Конгресот се зголемуваат безбедносните мерки за инаугурацијата на 20 јануари во Вашингтон.

Градоначалникот на Вашингтон Муриел Браузер укажувајќи на ризикот од насилства на 20 јануари во градот го рече следното: „Му препорачуваме на народот церемонијата на полагање заклетва (инаугурација) на Бајден да ја следи во виртуелна средина.“

Инаку, за време на заедничката седница на Конгресот на САД на 6 јануари за верификување на претседателските избори од страна на Изборниот колеџ приврзаниците на актуелниот претседател Доналд Трамп се собраа пред Белата куќа кадешто одржаа протестен митинг.

На овој протестен митинг учествуваа десетици илјади демонстранти кои потоа тргнаа кон Конгресот кадешто дојде до нереди и судири помеѓу полицијата и протестирачите од кои некои преминувајќи ги барикадите влегоа во зградата на Конгресот.

Потоа за интервенција на настаните во Конгресот беа испратени припадници на Националната гарда и по приближно 4 часовниот упад безбедносните сили го воспоставија јавниот ред и мир.

Во нередите до коишто дојдоа притоа животот го загубија 5 лица од кои еден полицаец, а десетици лица беа ранети.

 



Слични вести