Азербејџан во операцијата за ослободување на своите окупирани територии изгуби 2.841 војник

Азербејџанското Министерство за одбрана бројот на дадените војници шехиди (загинати) во операцијата за ослободување на окупираните територии од претходно соопштените 2.823 го ревидира на 2.841

1562259
Азербејџан во операцијата за ослободување на своите окупирани територии изгуби 2.841 војник

Азербејџанската армија, во операцијата што ја реализира за, ослободување на окупираните азербејџански територии во Нагорно Карабах изгуби 2.841 војник шехид (загинат војник). 

Азербејџанското Министерство за одбрана ја ревидира бројката на изгубените војници шехиди (загинатите војници) во војната којашто започна на 27 септември 2020 година и заврши на 10 ноември откако Ерменија го призна поразот и беше потпишан договор за примирје.

Според тоа, бројката на дадените војници шехиди (загинати војници) во операцијата за ослободување на окупираните територии од претходно соопштените 2.823 со пронаоѓање и утврдување на идентитетот на нови мртви е ревидирана на 2.841.

Министерството за одбрана соопшти дека 64 азербејџански војници се водат како исчезнати и го сподели со јавноста и списокот со имињата на војниците шехиди (загинати војници) чии тела се закопани. 

Инаку, откако азербејџанската армија во започнатата операција на 27 септември 2020 година ослободи од  окупација 5 градови, 4 градчиња и 286 села,  Ерменија го призна поразот и го потпиша договорот со кој вети дека ќе се повлече и од окупираните градови Агдам, Лачин и Келбеџер.

Така ерменската армија на 20 ноември се повлече од Агдам, на 25 ноември од Келбеџер и на 1 декември од Лачин. 

 



Слични вести