Во вооружен напад во САД загинаа 5 лица
Полицијата на Чикаго соопшти дека во нападите на вооружениот Џејсон Најтингејл, животите ги загубиле 5 од 7-те лица врз кои отворил оган
1561121

Во вооружени напади во различни населби на Чикаго во Соединетите Американски Држави (САД), загинаа 5 од 7 лица кои беа застрелани од страна на еден вооружен напаѓач.
Полицијата на Чикаго соопшти дека во нападите на вооружениот Џејсон Најтингејл, животите ги загубиле 5 од 7-те лица врз кои отворил оган во различни периоди од денот.
Меѓу жртвите има студент, работник во ресторан и две жени чувари.
Напаѓачот Џејсон Најтингејл, кој беше неутрализиран во судирот со полицијата, имал големо досие за злосторства.
32-годишниот напаѓач од 2005 година наваму има серија апсења и гонења, вклучувајќи кривични дела како што се „прекршување на законите за оружје и дрога, кражби, смртоносни напади со оружје, несоодветно однесување и семејно насилство“.