Според неофицијални резултати од изборите во Казахстан владејачката партија Нур Отан е прва партија

Во анкетата учествуваа над 20 илјади гласачи

1560959
Според неофицијални резултати од изборите во Казахстан владејачката партија Нур Отан е прва партија

 

Според резултатите од излезните анкети на гласачките кутии во Казахстан, каде се одржаа парламентарни избори, владејачката партија Нур Отан се најде на првото место.

Според резултатите од анкетните истражувања спроведени од Институтот за демократија во 500 гласачки кутии, од кои 263 во градови и 237 во села, владејачката партија Нур Отан со 72,1 отсто се најде на првото место, додека Демократската партија Бел пат е втора партија која освои 10,27 отсто, а Казахстанската народна партија со 9, 54 отсто се пласираше на третото место.

Во анкетата учествуваа над 20 илјади гласачи.

Според резултатите на една друго истражување на излезните гласачките кутии спроведено од Институтот за истражување на јавното мислење, партијата Нур Отан е прва со 71,97 отсто, Демократската партија Бел пат е втора со 10,18 осто, а Казахстанската народна партија е трета со 9,03 отсто.

Основачкиот претседател на Казахстан Нурсултан Назарбајев по резултатите од истражувањето на излезните гласови од гласачките кутии го посети изборниот штаб на партијата Нур Отан во главниот град,

Иако Назарбајев на 19 март 2019 година поднесе оставка од претседателската функција, тој останува претседател на владејачката партија Нур Отан.

Централната изборна комисија на Казахстан соопшти дека во 22:00 часот по локално време стапката на учество на граѓаните на изборите е 63,3 отсто.



Слични вести