Авионска несреќа во Индонезија: Патничкиот авион се урнал во морето во близина на Џакарта

Индонезискиот министер за транспорт Буди Карја Сумади потврди дека патничкиот авион на „Сривиџаја ер“ во кој се наоѓаа вкупно 62 лица, 50 патници и 12 членови на екипажот, паднал во морето помеѓу Лаки и островот Ланканг северно од главниот град Џакарта

1560491
Авионска несреќа во Индонезија: Патничкиот авион се урнал во морето во близина на Џакарта

Како што е соопштено патничкиот авион во сопственост на авиокомпанијата „Сривиџаја ер“ во Индонезија со кој беше изгубен контактот по неговото полетување од главниот град Џакарта, се урнал во морето.

Индонезискиот министер за транспорт Буди Карја Сумади на одржаниот состанок за претставниците на печатот информира дека патничкиот авион со број на лет „SJ182“ со кој приближно 5 минути по полетувањето е изгубен контакт и во кој се наоѓаа вкупно 62 лица, од кои 50 патници и 12 членови на екипажот, паднал во морето во локацијата помеѓу Лаки и островот Ланканг северно од главниот град Џакарта.

Сумади ја сподели информацијата дека се започнати активности за пребарување и спасување од широк обем во целата област во којашто е утврдено дека се урнал патничкиот авион. 

Воедно и локалните медиуми објавија снимки на некои пронајдени делови на срушениот авион во морето.

Како што беше соопштено, последниот контакт со авионот кој што летал од главниот град Џакарта за Понтианак бил воспоставен во 14:40 часот по локално време.

Инаку, во Индонезија на 29 октомври 2018 година патнички авион од типот „Боинг 737 Макс 8“ со број на лет „JT 610) во сопственост на авиокомпанијата „Лион“ кусо време по полетувањето од главниот град Џакарта за градот Пангкал Пинанг на островот Суматра, се урна во морето и во оваа несреќа животот го загубија 189 лица.



Слични вести