Состојбата со Ковид-19 во светот: Во Северна Македонија регистрирани 10 починати, 166 новозаразени

Во Република Северна Македонија, во изминатите 24 часа се регистрирани 10 смртни случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) со што вкупниот број на починатите се зголеми на 2.581 лице

1559777
Состојбата со Ковид-19 во светот: Во Северна Македонија регистрирани 10 починати, 166 новозаразени

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 1 милион 908 илјади 011 лица, на случаите на зараза изнесува над 88 милиони 575 илјади, а досега оздравеа повеќе од 63 милиони 668 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД). 

Бројот на смртните случаи во САД се искачи на над 374 илјади 124 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 22 милиони 132 илјади 045 лица. Центарот за контрола и спречување на болести (CDC) предупреди дека до крајот на месец јануари бројот на загинатите од Ковид-19 во земјата би можел да достигне до 438 илјади лица.

Во латиноамериканската држава Бразил, која по бројот на смртните случаи веднаш по САД се наоѓа на второ место, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 200 илјади 498 лица, а на случаите на зараза изнесува 7 милиони 961 илјада 673 лица.

Во Италија, која моментално е земја со најголем број починати во Европа, со смртта на уште 414 лица во изминатите 24 часа бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на вкупно 77.291 лице. Бројот на инфектираните од вирусот со регистрирани 18.020 новозаразени изнесува 2 милиони 220 илјади 361 лице.

Во Велика Британија, во изминатите 24 часа се регистрирани  дури 1.162 починати и 52.618 новозаразени од вирусот. На тој начин бројот на смртните случаи се искачи на вкупно 78.508 лица, а на инфектираните достигна до 2 милиони 889 илјади 419 лица. Во Велика Британија вчера е забележана највисоката бројка на починати за еден ден од 21 април досега.

Во Франција, во изминатите 24 часа починаа 276 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 66.841. За еден ден во земјата се регистрирани 21.703 новозаразени и бројот на случаите на зараза достигна до 2 милиони 727 илјади 321 лице. Во рамките на борбата против Ковид-19 забраната за излегување на улица (движење) којашто се применува во земјата од 20:00 до 06:00 часот е продолжена до 20 јануари.

Во Шпанија, бројот на смртните случаи изнесува вкупно 51.675, а на случаите на зараза 2 милиони 024 илјади 904 лица. 

Во Германија, во изминатите 24 часа починаа 1.059 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на 39.258, а на инфектираните со раст од 28.078 лица достигна до вкупно 1 милион 869 илјади 306. Рокот на рестриктивните мерки коишто се воведени во Германија од 16 декември е продолжен до 31 јануари.

Во Република Северна Македонија, во изминатите 24 часа се регистрирани 10 смртни случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) со што вкупниот број на починатите се зголеми на 2.581 лице.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 166 нови случаи и вкупниот број на инфектираните од вирусот од почетокот на епидемијата во земјата достигна до 84.494 лица. 

Институтот за јавно здравје регистрира 416 оздравени пациенти, додека вкупната бројка на оздравени пациенти од почетокот на епидемијата во земјата изнесува 66.209 лица.

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 16.704 лица.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во некои други западни земји во светот е вака: 

Мексико 131.031, Колумбија 45.067, Аргентина 44.122, Перу 38.049, Полска 30.241, Белгија 19.936,  Украина 19.588, Чиле 16.913, Канада 16.579, Романија 16.410, Еквадор 14.158, Чешка 12.621, Холандија 12.084,  Швајцарија 8.178.



Слични вести