Бајден: Тие не беа демонстранти, туку насилничка толпа „домашни терористи“

Новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден во врска со упадот во Конгресот рече: „Тие не беа демонстранти, нив не ги нарекувајте демонстранти. Тие беа насилничка толпа, востаници, домашни терористи.“

1559590
Бајден: Тие не беа демонстранти, туку насилничка толпа „домашни терористи“

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден истакна дека толпата која завчера упадна во Конгресот беа „домашни терористи“.

Бајден во Делавер на манифестацијата на која ја потврди кандидатурата на Мерик Гарланд за нов државен обвинител кој ќе биде и нов секретар за правда направи проценка и на упадот на поддржувачите на претседателот Доналд Трамп во Конгресот и немилите настани до коишто дојде потоа.

Велејќи дека упадот во Конгресот беше едниот од „најмрачните“ денови во историјата на Америка, Бајден рече: „Тие не беа демонстранти, нив не ги нарекувајте демонстранти. Тие беа насилничка толпа, востаници, домашни терористи. (Трамп) Од почетокот започна тотален напад врз нашите демократски институции.“

Од друга страна, на оставките коишто следеа поради упадот во Конгресот се додаде уште една оставка којашто е прва оставка од претседателскиот кабинет на Доналд Трамп.

Секретарката за транспорт Елејн Чао истакна дека за немилите настани е одговорен претседателот Доналд Трамп и дека заклучно со 11 јануари ќе ја напушти својата должност.

По упадот во Конгресот претходно поднесоа оставка заменик портпаролката на Белата куќа Сара Метјуз, директорката за социјални работи во Белата куќа Рики Никета и Стефани Гришам, директорката на канцеларијата на сопругата на Трамп првата дама Меланија Трамп.

Инаку, прексиноќа по одржаниот митинг пред Белата куќа на кој учествуваше и претседателот Доналд Трамп илјадници негови поддржувачи тргнаа кон Конгресот при што дојде до судир помеѓу полицијата и демонстрантите. Притоа некои демонстранти кои ги преминаа барикадите упаднаа во зградата на Конгресот.  

Во нередите до кои дојде животот го загубија 4 лица, а голем број лица беа повредени.

 



Слични вести