Синоќа во Вашингтон беше прогласен полициски час

Полицијата интервенираше со солзавец врз демонстрантите кои влегоа во зградата на Конгресот

1558850
Синоќа во Вашингтон беше прогласен полициски час

 

Синоќа по 18:00 часот по локално време беше прогласен полициски час поради настаните што се случуваат во Вашингтон, главниот град на Соединетите Американски Држави (САД).

Некои од приврзаниците на Трамп, кои демонстрираа во главниот град, ја пробија полициската барикада и влегоа во зградата на Конгресот.

Врз база на овој настан, беше прекината седницата на Конгресот, на која требаше да се одобри изборот на Џо Бајден за претседател, а потпретседателот Мајк Пенс, кој ја водеше седницата, беше изнесен од зградата.

Полицијата интервенираше со солзавец врз демонстрантите кои влегоа во зградата на Конгресот.

Претседателот Доналд Трамп преку објавата на профилот на социјалните мрежи ги повика демонстрантите да „останат мирни“.

По случувањата, во главниот град беше прогласен полициски час.

Трамп во изјавата пред почетокот на демонстрациите рече дека нема да го прифати поразот на претседателските избори и дека нема да ја напушти борбата.

Трамп на своите приврзаници, кои се собраа во Вашингтон за време на седницата на Конгресот, која се одржуваше да ги одобри резултатите од претседателските избори одржани на 3 ноември 2020 година, им се обрати преку непробојно стакло и ги продолжи своите тврдења „демократите правеле нерегуларности на изборите“.

Трамп во говорот го бранеше ставот дека тој самиот е вистински победник на изборите и рече:

„Никогаш нема да го признам поразот, нема да се откажам”.



Слични вести