Синоќа демонстрантите во Вашингтон извршија упад во зградата на Конгресот

Во инцидентите беа повредени голем број полицајци.

1558849
Синоќа демонстрантите во Вашингтон извршија упад во зградата на Конгресот

 

Во синоќешните настани што избувнаа откако приврзаниците на претседателот Доналд Трамп упаднаа во зградата на Конгресот во Вашингтон, главниот град на Соединетите Американски Држави (САД), загинаа 4 лица, 52 лица беа приведени, додека беа повредени голем број полицајци и.

Вчера по 18:00 часот по локално време во градот беше прогласен полициски час.

Некои од приврзаниците на Трамп, кои демонстрираа во главниот град, ја пробија полициската барикада и влегоа во зградата на Конгресот.

Полицијата интервенираше со солзавец врз демонстрантите кои влегоа во зградата.

Жената која беше повредена во тепачката во зградата го загуби животот.

Во соопштението на полицијата на Вашингтон беше истакнато дека жената која повредена за време на настаните во зградата на Конгресот, не можеше да се спаси во болницата каде што беше префрлена.

Не беа споделени информациите во врска со идентитетот на жената што почина.

Началникот на полицијата во Вашингтон, Роберт Конти рече дека умреле уште 3 лица.

Началникот на полицијата, кој изјави дека 1 од оние кои го загубиле животот беше маж и 2 беа жени и дека овие луѓе починале во службите за итна помош каде биле префрлени, не ги откри идентитетите на овие лица.

Конти исто така истакна дека 14 полицајци биле полесно повредени, а најмалку 52 лица биле приведени во инцидентите.

Безбедносните сили, исто така, објавија дека во близината на зградата на Конгресот бил пронајден експлозив и неутрализиран.

По развојот на случувањата, беше прекината седницата на Конгресот, на која требаше да се одобрени изборот на Џо Бајден за претседател, а потпретседателот Мајк Пенс, кој ја водеше седницата, беше отстранет од зградата. Во изјавата дадена по извесно време, Пенс повика на „окончување на настаните во зградата на Конгресот“, наведувајќи дека насилството нема да се толерира.

Веднаш потоа сенаторите беа евакуирани од зградата.

Во инцидентите беа повредени голем број полицајци.

Избраниот претседател Џо Бајден одржа прес-конференција, повикувајќи на прекин на нападите насочени „врз демократијата и владеењето на правото во САД“.

Бајден, обраќајќи му се на Трамп рече: „Треба да излезе пред камерите, да ја запре опсадата (на зградата на Конгресот)“.

Гувернерот на Пенсилванија, Том Волф, во објавата преку твитер, упадот на демонстрантите во зградата на Конгресот во Вашингтонго оцени за „обид за државен удар“.

Врз база на случувањата, Трамп на Националната гарда и издаде инструкција да „интервенира врз настаните во зградата на Конгресот“.

Гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо во објавата преку профилот на Твитер  истакна дека „На барање на Националната гарда на САД на период од две недели распоредувам 1.000 национални гардисти од Њујорк во главниот град Вашингтон“.

Доналд Трамп во објавата преку социјалните мрежи, демонстрантите ги повика да „останат мирни“. По ескалацијата на напнатоста, Доналд Трамп сподели видео запис во кој рече: „Ни ги украдоа изборите, но сега треба да си одите дома“.

Претседателот Трамп во изјавата пред да започнат настаните рече дека нема да го прифати поразот на претседателските избори и дека нема да напушти борбата.

Трамп синоќа преку непробојно стакло им се обрати на своите приврзаници, кои се собраа во Вашингтон во знак на протест на седницата на Конгресот која се одржуваше за одобрување на резултатите од претседателските избори одржани на 3 ноември и своите тврдења ги продолжи со зборовите: „демократите правеа нерегуларности на изборите“.

Трамп го бранеше ставот дека тој е вистински победник на изборите, потенцирајќи:

„Никогаш нема да го признам поразот, нема да се предадам”.



Слични вести