Реакциите во светот во врска со настаните во САД

Столтенберг: „Настаните во Конгресот навистина се шокантни “

1558877
Реакциите во светот во врска со настаните во САД

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, настаните во Конгресот на Соединетите Американски Држави (САД) ги оцени за „шокантни“.

Столтенберг, на профил на социјалните мрежи, за настаните што се случија откако демонстрантите ги преминаа барикадите и влегоа во зградата на Конгресот во САД истакна дека „Снимките од Вашингтон се шокантни. Мора да се почитува исходот од демократските избори“.

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) Жозеп Борел настаните во Вашингтон ги опиша како „невиден напад врз американската демократија“ поради што упати повик за почитување на изборниот резултат.

Од друга страна пак британскиот премиер Борис Џонсон  рече дека настаните ги оцени со зборовите развој е „Уредниот и мирен пренос на власта во САД е од витално значење“.

Германскиот министер за надворешни работи Хаико Маас го повика „(американскиот претседател Доналд) Трамп и неговите приврзаници да ја почитуваат (изборната) одлука на американскиот народ“.

Оние кои организираа демонстрација за поддршка на американскиот претседател Доналд Трамп, во знак на протест против седницата на која требаше да бидат официјализирани резултатите од изборите одржани на 3 ноември, ги преминаа барикадите и влегоа во зградата на Конгресот. По насилните инциденти што следеа, во Вашингтон беше прогласен „полициски час“.



Слични вести