Хусите реализираа топовски напад врз населени места во градот Таиз во Јемен во кој загинаа 6 цивили

Јеменската армија објави соопштение повикувајќи се на локални извори во кое се истакнува дека Хусите реализираа топовски напад врз цивилни населени места кај градот Таиз на југот на Јемен, при што во нападот загинаа 6 мина цивили

1559214
Хусите реализираа топовски напад врз населени места во градот Таиз во Јемен во кој загинаа 6 цивили

Хусите поддржани од Иран, реализираа топовски напад врз цивилни населени места кај градот Таиз на југот на Јемен, при што во нападот загинаа 6 мина цивили од кои едно дете и две жени, а 7 жени се ранети.

Во објавеното писмено соопштение на интернет страницата на јеменската армија се истакнува дека Хусите ги зедоа под опсада со тенкови и оклопни возила цивилните населени места во областа Ел-Химје во населеното место Ет-Тазије кај градот Таиз, а потоа извршија напад со топовски истрели врз овие цивилни населени места.

Во соопштението повикувајќи се на локални извори се вели дека во нападот загинаа 6 мина цивили од кои едно дете и две жени, а 7 жени се ранети.

Во врска со нападот не беа дадени подетални информации, а воедно засега не е објавено соопштение по прашањето и од страна на Хусите.



Слични вести