Состојбата со Ковид-19 во светот: Во Северна Македонија регистрирани 9 починати, 580 новозаразени

Во Република Северна Македонија, во изминатите 24 часа се регистрирани 9 смртни случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) со што вкупниот број на починатите се зголеми на 2.559 лица

1558099
Состојбата со Ковид-19 во светот: Во Северна Македонија регистрирани 9 починати, 580 новозаразени
super covid19 almanya.jpg
SPR meksika covid.jpg
super covid19 ingiltere
super covid19 ingiltere
super covid19 fransa
super covid19 fransa
super covid19 2.jpg
super covid19 4.jpg
koronavirüs5.jpg
koronavirüs4.jpg
italya korona.jpg
super foto fransa korona 2.jpg
super foto fransa korona.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 1 милион 876 илјади 242 лица, на случаите на зараза изнесува над 86 милиони 840 илјади, а досега оздравеа повеќе од 61 милион 565 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД). 

Бројот на смртните случаи во САД се искачи на над 365 илјади 620 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 21 милион 578 илјади 606. Администрацијата за здравствени услуги на Лос Анџелес во сојузината држава Калифорнија, поради преполнетост во одделенијата за интензивна нега издаде инструкција до возачите на амбулантни возила и персоналот да не ги носат заболените „за кои постои мала можност да преживеат“.

Во латиноамериканската држава Бразил, која по бројот на смртните случаи веднаш по САД се наоѓа на второ место, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 197 илјади 777 лица, а на случаите на зараза изнесува 7 милиони 812 илјади 007 лица.

Во Италија, која моментално е земја со најголем број починати во Европа, со смртта на уште 629 лица во изминатите 24 часа бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на вкупно 76.329 лица. Бројот на инфектираните од вирусот со регистрирани 15.378 новозаразени изнесува 2 милиони 181 илјада 619 лица. Според вестите објавени во италијанскиот печат, од рестриктивните мерки кои ќе завршат на 7 јануари забраната за патување меѓу региони ќе биде продолжена до 15 јануари, а рестораните и баровите ќе продолжат да останат затворени викендите.

Во Велика Британија, во изминатите 24 часа се регистрирани  830 починати и 60.916 новозаразени од вирусот. На тој начин бројот на смртните случаи се искачи на вкупно 76.305 лица, а на инфектираните достигна до 2 милиони 774 илјади 479 лица. Во последната недела во Велика Британија во бројот на смртните случаи е забележан раст од 45,3 отсто, а во бројот на инфектираните раст од дури 119 отсто. Како што се наведува причина за тоа е новата мутирана варијанта на новиот тип коронавирус (Ковид-19) којашто се шири многу побрзо.  

Во Франција, во изминатите 24 часа починаа 346 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 66.282. За еден ден во земјата се регистрирани 20.489 новозаразени и бројот на случаите на зараза достигна до 2 милиони 680 илјади 239 лица.

Во Шпанија, бројот на смртните случаи изнесува вкупно 51.430, а на случаите на зараза 1 милион 982 илјади 544 лица. 

Во Германија, бројот на смртните случаи се зголеми на 37.180 лица, а на инфектираните достигна до вкупно 1 милион 814 илјади 565. Рокот на рестриктивните мерки коишто се воведени во Германија од 16 декември е продолжен дао 31 јануари.

Во Република Северна Македонија, во изминатите 24 часа се регистрирани 9 смртни случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) со што вкупниот број на починатите се зголеми на 2.559 лица.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 580 нови случаи и вкупниот број на инфектираните од вирусот од почетокот на епидемијата во земјата достигна до 84.709 лица. 

Институтот за јавно здравје регистрира 572 оздравени пациенти, додека вкупната бројка на оздравени пациенти од почетокот на епидемијата во земјата изнесува 64.104 лица.

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 18.046 лица.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во некои други западни земји во светот е вака: 

Мексико 128.822, Колумбија 44.426, Аргентина 43.785, Перу 37.925, Полска 29.502, Белгија 19.750,  Украина 19.129, Чиле 16.788, Канада 16.233, Романија 16.178, Еквадор 14.103, Чешка 12.257, Холандија 11.826,  Швајцарија 8.018.



Слични вести