На 41. Самит на Советот за заливска соработка е укинато ембаргото врз Катар

Саудискиот министер за надворешни работи Фајсал бин Ферхан Ал Сауд истакна дека на 41. Самит на Советот за заливска соработка земјите кои спроведуваа ембарго врз Катар повторно ги воспоставија дипломатските односи со Доха и дека ембаргото е укинато

1558117
На 41. Самит на Советот за заливска соработка е укинато ембаргото врз Катар

Саудиска Арабија соопшти дека со Самитот на Советот за заливска соработка е ставено крај на недоразбирањата со Катар и повторно се воспоставени дипломатските односи со оваа земја.

Саудискиот министер за надворешни работи Фајсал бин Фархан Ал Сауд истакна дека на 41. Самит на Советот за заливска соработка што се одржа вчера земјите кои спроведуваа ембарго врз Катар повторно ги воспоставија дипломатските односи со Доха и дека ембаргото е укинато.

Саудискиот министер за надворешни работи Фајсал бин Фархан Ал Сауд и генералниот секретар на Советот за заливска соработка Најиф Ал Хаџраф на одржаната заедничка прес-конференција информираа во врска со декларацијата од Ула потпишана од страна на лидерите на земјите на 41- Самит на Советот за заливска соработка на кој се вели дека е ставено крај на Заливската криза.

Бин Фархан истакна дека во потпишаната декларација од страна на лидерите „се нагласува солидарноста против било каква директна или индиректна интервенција во внатрешните работи на Заливските земји“.

Подвлекувајќи дека со потпишувањето на оваа декларација по Самитот е укинато ембаргото кон Катар, саудискиот министер за надворешни работи Фајсал бин Фархан Ал Сауд рече: „Со Самитот на Советот за заливска соработка е ставено крај на недоразбирањата и повторно се воспоставени дипломатските односи со Катар.“



Слични вести