Лидерите на ЕУ ќе разговараат за процесот на дистрибуција на вакцините против Ковид-19

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел истакна дека лидерите на ЕУ во месец јануари ќе одржат состанок преку видео-конференција за разгледување на процесот на дистрибуција на вакцините за којшто се изнесуваат критики околу неговото бавно одвивање

1558332
Лидерите на ЕУ ќе разговараат за процесот на дистрибуција на вакцините против Ковид-19

По критиките околу тоа дека бавно напредува дистрибуцијата (раздавањето) на вакцините развиени против новиот тип коронавирус (Ковид-19), лидерите на земјите членки на Европската унија (ЕУ) во месец јануари ќе одржат состанок преку видео-конференција за разгледување на процесот на дистрибуција на вакцините.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел за време на посетата што ја оствари на Португалија која го презеде претседателствувањето со Европската унија (ЕУ) одржа заедничка прес-конференција со португалскиот премиер Антонио Коста.

Шарл Мишел во говорот што го одржа овде одговори на критиките околу тоа дека и покрај тоа што е издадено одобрение од ЕУ за вакцината развиена од страна на компаниите БиоНТек и Фајзер (BioNTech и Pfizer) процесот на дистрибуција се одбива забавено.

Велејќи дека земјите на Европската унија (ЕУ), локалните органи и институциите на ЕУ делуваат заедно, Мишел рече: „Ние оваа работа ја сметаме за голем предизвик. Затоа пред крајот на јануари ќе одржиме уште една видео-конференциска средба на ниво на шефови на држави и премиери на влади, за да разговараме за тоа како ќе ја пребродиме кризата со Ковид-19 и прашањето со дистрибуцијата (раздавањето) на вакцините.“

Европската агенција за лекови (ЕМА), како институција од чија страна се регулира процесот со лекови на ЕУ, на 21 декември препорача да биде одобрена вакцината на БиоНТек и Фајзер (BioNTech и Pfizer) и истиот ден и Европската комисија (ЕК) ја одобри вакцината. Во последните денови од месец декември пак, во земјите членки на ЕУ започнаа дистрибуцијата и кампањите за вакцинација. Меѓутоа, се истакнува дека дистрибуцијата на вакцините се одвива бавно и дека во голем број земји можеле да бидат доставени само пловината од бројот на дозите вакцини планирани за првите недели. Како причина за бавното одвивање на работите се изнесуваат проблеми како што се капацитетот на производство и логистиката. Освен тоа се наведува дека во некои земји засега се вакцинирани многу мал број лица и дека тоа пак произлегува од бирократските тешкотии.

 



Слични вести