Францускиот печат: Воздушниот напад во Мали во кој загинаа најмалку 100 цивили е извршен од страна на Франција

Според вестите објавени во францускиот печат, француски армиски извори информираат дека ноќта во недела е реализиран воздушен напад врз селото Боунти во областа Мопти во кој загинаа најмалку 100 цивили

1558229
Францускиот печат: Воздушниот напад во Мали во кој загинаа најмалку 100 цивили е извршен од страна на Франција

Како што се наведува, воздушниот напад којшто беше реализиран доцна ноќта во недела во областа Мопти во Мали и во кој загинаа најмалку 100 цивили е реализиран од страна на Франција.

Според вестите објавени во францускиот печат, француски армиски извори информираат дека ноќта во недела е реализиран воздушен напад врз селото Боунти во областа Мопти.

И покрај тоа што француски воени извори наведуваат дека нападот бил насочен против вооружените групи и дека цел не се целело против цивилите, извори на Мали информираат дека во вооружениот напад е бомбардирана една свадба и дека загинаа најмалку 100 цивили меѓу кои се наоѓаат и деца.

Инаку, Франција во последните 10 дена изгуби свои 5 мина војници кои во рамките на операцијата Баркане  се наоѓаат на задача во западноафриканската држава Мали.

Франција, во рамките на операцијата Баркане што ја започна во 2014 година во областа Сахел во земји како што се Мавританија, Мали, Буркина Фасо, Нигер и Чад, располага со свои 5.100 војници.



Слични вести