Условот на Зариф за откажување на Иран од програмата за збогатување на ураниум

Зариф: „Согласно озаконувањето на одлуката од страна на нашето Собрание, почнавме повторно да го збогатуваме ураноумот за 20 отсто“

1557467
Условот на Зариф за откажување на Иран од програмата за збогатување на ураниум

 

Иранскиот министер за надворешни работи Мухамад Џевад Зариф рече дека доколку страните во нуклеарниот договор се придржуваат кон обврските, тогаш постои можност и тие исто така да се откажат од своите чекори за збогатување на ураниум.

Џевад Зариф во изјавата на својот Твитер профил ги објави следните зборови:

„Согласно озаконувањето на одлуката од страна на нашето Собрание, почнавме повторно да го збогатуваме ураноумот за 20 отсто. Во врска со тоа Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соодветно беше информирана. Нашата регулаторна акција е целосно во согласност со став 36 од Заедничкиот сеопфатен акционен план (ЗСАП) и покрај тоа што некои други земји учеснички на ЗСАП, не ги исполнија своите обврски со години. Мерките што ги презедовме може да се вратат во случај на целосна посветеност на сите страни“.

Иранските медиуми вчера објавија дека во нуклеарната централа Фордо официјално започнаа активностите за збогатување на ураниум.

Со нуклеарниот договор меѓу земјите од П5 + 1 (САД, Русија, Народна Република Кина, Франција и Англија и Германија) и Иран од 2015 година, на администрацијата на Техеран најмногу и се дозволуваше да збогати ураниум до 3,67 отсто.

Откако ги запре своите обврски во врска со договорот против санкциите на Соединетите Американски Држави (САД), Иран нивото на збогатен ураниум го одржуваше на 4,5 отсто.



Слични вести