Претседателот Илхам Алиев го прогласи градот Шуша за културна престолнина на Азербејџан

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев соопшти дека го прогласува градот Шуша за културна престолнина на Азербејџан

1557972
Претседателот Илхам Алиев го прогласи градот Шуша за културна престолнина на Азербејџан

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев соопшти дека градот Шуша кој е ослободен од ерменска окупација го прогласува за културна престолнина на Азербејџан. 

Претседателот Алиев одржа состанок преку видео-конференција со Анар Керимов кого го назначи за министер за култура. 

Во говорот што го одржа овде, Алиев потсети дека Азербејџан располага со богата култура и му издаде инструкции на министерот за култура Анар Керимов по прашањето на одбраната и заживувањето на културата и јазикот.

Укажувајќи дека на териториите кои беа под ерменска окупација се срушени повеќе од 60 џамии, Илхам Алиев: „Ниту една меѓународна институција не ја осудува Ерменија по ова прашање. Ние пак, ги штитиме ерменските цркви. Ние немаме никаков проблем со ерменскиот народ и Ерменците кои живеат во Азербејџан се наши граѓани.“

Алиев нагласи дека нивната главна задача е да бидат наново изградени согласно нивниот оригинал историските и културните споменици (знаменитости) кои се срушени од страна на Ерменците.„Шуша го прогласувам за престолнина на азербејџанската култура. Градот Шуша го заслужува тоа. Мислам дека би можел да се смета за културна престолнина на регионот, а не само на Азербејџан.“ - рече азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.

Градот Шуша освен тоа што е едниот од симболите на азербејџанската историја и култура, располага и со стратешко значење и тоа ѝ поради неговата географска местоположба со надвласт над подрачјето ѝ поради тоа што се наоѓа на патот што води кон Ханкенди, најголемиот град во Нагорно Карабах. 

Градот Шуша беше окупиран од страна на ерменските сили на 8 мај 1992 година, а на 8 ноември 2020 година од страна на азербејџанската армија беше ослободен од окупација.



Слични вести