Писмо од Бајден до Бозкир за соработка со ОН

Бајден во писмото, привлече внимание на глобалните проблеми и тешкотии што ја чекаат неговата администрација

1557456
Писмо од Бајден до Бозкир за соработка со ОН

 

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден го информираше Претседателот на 75-то Генерално собрание на Обединетите нации (ОН) Волкан Бозкир дека ќе соработува со ОН во глобална соработка.

Волкан Бозкир, претседателот на 75-то Генерално собрание на Обединетите нации (ОН), преку својот Твитер профил го сподели писмото што му го испрати Џо Бајден.

Бајден во писмото, привлече внимание на глобалните проблеми и тешкотии што ја чекаат неговата администрација од аспект на управувањето со епидемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19), климатските промени потенцирајќи дека за надминување на овие прекугранични проблеми се налага потреба од меѓународна соработка.

„Со нетрпение очекуваме да работиме со вас и со Генералното собрание на ОН за различните предизвици и можности за кои е потребна глобална соработка“ рече Бајден.



Слични вести