Катар и Саудиска Арабија постигнаа согласност за отворање на границите

Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет, на 5 јуни 2017 ги прекинаа сите дипломатски односи со Катар

1557464
Катар и Саудиска Арабија постигнаа согласност за отворање на границите

 

Катар и Саудиска Арабија се согласија од вчеравечер да ги отворат границите.

Кувајтскиот министер за надворешни работи Ахмед Насер Мохамед ес-Сабах во телевизискиот говор изјави дека емирот на Кувајт Шеик Наваф ал-Ахмад ал-Џабир ал-Сабах одржа телефонски разговори со катарскиот емир Шеик Тамим бин Хамед ал Сани и саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман.

„Постигнат е договор за отворање на копнените, поморските и воздушните граници меѓу Саудиска Арабија и Катар“ рече кувајтскиот министер истакнувајќи дека  исто така беше договорено да се решат сите прашања меѓу Катар и Саудиска Арабија.

Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет, на 5 јуни 2017 ги прекинаа сите дипломатски односи со Катар година, под обвинение за „поддршка на терористички групи“ и започнаа економско ембарго против оваа земја.

Додека Катар ги негираше сите обвинувања на овие земји, оваа ситуација предизвика криза во регионот на Персискиот залив.

Кувајт спроведе низа иницијативи и вложи големи напори за медијација меѓу страните за решение уште од почетокот на кризата.

 



Слични вести