Реакција против порастот на непријателството кон Турците и исламот во западните земји

Претставниците на турските граѓански организации кои делуваат во Европа ги повикаа безбедносните сили во европските земји да преземат мерки против порастот на нападите против џамиите

1557074
Реакција против порастот на непријателството кон Турците и исламот во западните земји

Претставниците на турските граѓански организации кои делуваат во Европа ги повикаа безбедносните сили во европските земји да преземат мерки против порастот на нападите против џамиите.

Кемал Ерѓун, претседателот на Исламското општество Национална мисла (IGMG) со седиште во градот Келн во Германија, истакна дека само во 2020 година се извршени 122 напади врз џамии во Германија и напомена дека минатата (2020) година на преден план се појавија писмата коишто содржеа поготово пријавувања на бомба и закана против исламот.

Нагласувајќи дека треба веднаш да бидат фатени извршителите на напади врз џамиите, Ахмед Ерѓун рече: „Некои џамии се подложени на неколу напади. Додека кај некои се зголемува дозата на насилство и растат заканите против човечкиот живот како што е на пример подметнувањето на пожар, на ѕидовите на некои џамии се напишани зборови со закана и навреда.“

Претседателот на Турско-исламската унија во Европа (ATİB) Дурмуш Јилдирим пак, го истакна следното: „Ние сме загрижени поради расистичките насилства коишто се во подем против муслиманските доселеници во период кога речиси секој ден се реализираат напади врз џамии. Би сакал да го кажам и тоа дека не го одобруваме и го осудуваме и тоа што муслиманите доселеници се доведуваат особено во својство на изборно средство, за време на локалните и парламентарните избори.“

Булент Билги, претседателот на Меѓународната унија на демократи (UID), истакна дека во последните 5-6 години непријателството кон Турците и исламот во Европа се дојдени до застрашувачки димензии, додека претседателот на Турските културни огништа Брухл Ајдин Пармаксизоглу нагласи дека во Германија во последно време е во пораст непријателството кон Турците и исламот.

 



Слични вести