Повик до лидерите на западноафриканските земји за обединување во борбата против тероризмот

Претседателот на Нигерија Мухамаду Бухари упати повик до лидерите на земјите во Западна Африка за обединување во борбата против тероризмот

1557228
Повик до лидерите на западноафриканските земји за обединување во борбата против тероризмот

Претседателот на Нигерија Мухамаду Бухари упати повик до лидерите на земјите во Западна Африка за "обединување" во борбата против тероризмот.

Портпаролот на Бухари, Гарба Шеху по убиството на приближно 100 лица во реализираниот напад завчера врз цивилите во две села во Нигер во близина на границата со Мали, објави писмено соопштение. 

Гарба Шеху го осуди нападот и го истакна следното: "Претседателот на Нигерија Мухамаду Бухари упати повик до лидерите на земјите во Западна Африка за единство во борбата против тероризмот."

Укажувајќи на тоа дека длабоко се погодени од масакрирањето на невините луѓе, Шеху ја изнесе следната констатација: "Областа Сахел поради терористите се соочува со голем безбедносен проблем. Доколку не преземеме мерки тероризмот би можел да се прошири секаде како ширењето на злото. Нам може да ни помогне само обединувањето против нашите непријатели."

Истиот портпарол привлече внимание дека соборувањето на Муамер Гадафи во Либија стана причина за безбедносни проблеми во земјите во регионот како што се Нигерија, Нигер, Чад, Камерун и Мали. 

Тој потсети дека по овој процес големи количини оружје преминаа во рацете на криминалните организации.

 



Слични вести