Пентагон одлучи американскиот носач на авиони „USS Nimitz“ да остане на Блискиот исток

Секретаријатот за одбрана на САД Пентагон одлучи американскиот носач на авиони „USS Nimitz“ да продолжи да остане на Блискиот исток

1556808
Пентагон одлучи американскиот носач на авиони „USS Nimitz“ да остане на Блискиот исток

Секретаријатот за одбрана на Соединетите Американски Држави (САД) Пентагон одлучи носачот на авиони „USS Nimitz“ да продолжи да остане на Блискиот исток, а за кој претходно беше соопштено дека ќе биде повлечен од регионот за да не биде подложен на влијанието на евентуалните напади од страна на Иран.

Вршителот на должноста секретар на САД за одбрана Кристофер Милер со објавување на ново писмено соопштение соопшти дека е одлучено бродот носач на авиони да остане на задача на своето место.

Милер во своето соопштение го истакна следното: „Поради заканите на иранските лидери насочени против претседателот Доналд Трамп и други американски функционери издадов инструкција за стопирање на промената на локацијата на рутинската задача на  'USS Nimitz'. 'USS Nimitz' ќе остане во оперативната локација во областа на Командата на централните сили на САД.“

Во објавеното соопштение од Државниот секретаријат на САД (Пентагон) на 31 декември беше истакнато дека е издадена инструкција за враќање во земјата на носачот на авиони 'USS Nimitz' кој се наоѓа во регионот, а за да не биде подложен на влијанието на евентуалните напади од страна на Иран.“

Инаку, Соединетите Американски Држави (САД) на 3 јануари 2020 година реализираа воздушен напад во близина на аеродромот во Багдад во кој беше убиен иранскиот генерал Касим Сулејмани, командантот на Силите „Кудс“ поврзани со Иранската Револуционерна гарда. 

Како одговор на ова убиство, Иран потоа реализира ракетни напади врз ирачките воени бази во кои се стационирани американски војници.

 



Слични вести