Бројот на загинатите во терористичкиот напад во Нигер се зголеми на 100 лица

Бројот на загинатите во завчерашниот вооружен терористички напад во западноафриканската држава Нигер, се зголеми на 100 лица

1556654
Бројот на загинатите во терористичкиот напад во Нигер се зголеми на 100 лица

Бројот на загинатите во реализираниот вооружен терористички напад завчера во западноафриканската држава Нигер, се зголеми на 100 лица.

Според првични информации беше соопштено дека во реализираниот вооружен терористички напад од страна на една терористичка група врз селата Чомбангу и Зарумдареје во Нигер се убиени 56 цивили, а 20 мина  се ранети.

Потоа бројот на загинатите во нападот беше ревидиран на 70 лица.

Потоа пак, Алму Хасане претседателот на комуната кој управува и со двете села кои беа цел на нападот, соопшти дека во реализираниот вооружен терористички напад животот го загубија најмалку 100 лица.

Во меѓувреме, Турција го осуди терористичкиот напад.

Во објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи беше потсетено дека во терористичкиот напад врз селата Чомбангу и Зарумдареје во Нигер, во близина на границата со Мали, загинаа и се ранети голем број лица. 

Во соопштението на Министерството беше истакнато следното: „Жестоко го осудуваме овој гнасен терористички акт. Го изразуваме нашето искрено сочувство до пријателскиот и братски нигерски народ и до Владата на Нигер. На загинатите им посакуваме милост од Аллах, на ранетите им посакуваме побрзо оздравување.“



Слични вести