Апел до Светската здравствена организација (СЗО) за вакцинација на палетстинските затвореници

Здружението на палестинските заробеници упати повик до Светската здравствена организација (СЗО) да изврши притисок врз управата во Тел Авив за вакцинација на палестинските затвореници во израелските затвори

1556659
Апел до Светската здравствена организација (СЗО) за вакцинација на палетстинските затвореници

Здружението на палестинските заробеници упати повик до Светската здравствена организација (СЗО) да изврши притисок врз управата во Тел Авив да се издаде дозвола за вакцинација од новиот тип коронавирус (Ковид-19) на Палестинците во израелските затвори.

Здружението на палестинските заробеници одржа прес-конференција пред зградата на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК или ICRC) во Појасот Газа.

Функционерот на Движењето Исламски Џихад Ахмед ал-Муделел во објавеното соопштение овде во име на Здружението на палестинските заробеници, рече: „Брзото ширење на епидемијата на Ковид-19 доведе до сериозен страв и загриженост во однос на животот на затворениците.“

Велејќи дека поради епидемијата е во опасност здравствената состојба на палестинските затвореници во израелските затвори и дека Израел одбива да врши вакцинација на палестинските затвореници, Муделел посака од палестинската управа „прашањето со затворениците да го пренесе на меѓународна арена“.

Истиот функционер исто така упати повик до Светската здравствена организација (СЗО) да „изврши притисок врз Израел да дозволи медицинска интервенција и употреба на вакцините во затворите“.

Инаку, во веста објавена во израелскиот весник „Хаарец“ беше истакнато дека израелскиот министер за јавна безбедност Амир Охана испратил инструкција до надлежните институции да не им се врши вакцинација од Ковид-19 на т.н. „палестински безбедносни затвореници“

Како што е соопштено во израелските затвори досега е утврден нов тип коронавирус (Ковид-19) кај 171 палестински затвореник.

 



Слични вести