Втор напад врз џамија во Германија
Врз џамијата Фатих во месноста Сонтеим во покраината Баден-Виртемберг во Германија по втор пат е извршен напад

Во извршениот напад на првиот ден од новата година врз џамијата Фатих која делува во склопот на Турско-исламската унија за Верски прашања (ДИТИБ) во месноста Сонтеим во покраината Баден-Виртемберг во Германија, е причинета материјална штета.
Претседателот на Здружението на Џамијата Фатих на ДИТИБ Сонтеим Али Оздемир истакна дека рано утрото околу 04:30 бил извршен обид за насилно отворање на влезната врата на џамијата и било скршено стаклото.
Велејќи дека во врска со случајот била известена полицијата, Оздемир истакна дека поради тоа што во месноста заврнал снег биле следени трагите на тркалата на велосипедот и стапалата на напаѓачот и дека според претпоставките едно лице кое дошло во џамијата најпрвин се обидело насилно да ја отвори влезната врата и да влезе внатре, но откако не можело да влезе ги скршило дрвената клупа којашто стоела надвор и стаклото на џамијата.
Али Оздемир истакна дека чувствува загриженост од нападите и рече: "Во последните две недели по втор пат е извршен напад. Ние, џемаатот (верниците) и нашите членови сме загрижени. Посакуваме да бидат пронајдени сторителите или сторителот и на двата случаи и да и бидат предадени на правдата."
Соопштено е дека полицијата која дошла во џамијата кадешто извршила увид започнала истрага во врска со случајот.
Истата џамија била цел на напад и на 18 декември кога на ѕидот бил нацртан крст и била избоена табелата.